Со натпреварот Италија – Тунис во 17:30 часот во Пореч, денеска започнува Светското првенство во ракомет, кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Првенството ќе трае до 2. февруари, за кога е предвидено големото финале.
Учествуваат 32 натпревари, меѓу нив и Македонија која е во групата „Д“ заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Македонија ќе ги игра натпреварите во Вараждин.
Македонија ќе игра по следниот распоред:
15.01.2025 – Унгарија – Македонија (20:30 часот)
17.01.2025 – Холандија – Македонија (18:00 часот)
19.01.2025 – Македонија – Гвинеја (18:00 часот)
Македонската репрезентација подмладена и предводена од селекторот Кире Лазаров ќе ја предводи селекцијата кон успех на ова Светско првенство. Целта е пласман во главната фаза.
Претставници од Македонија ќе бидат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кој ќе ја делат правдата на натпреварите.
TV21