јануари 14, 2025

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна речиси 46.600

Во нападите досега се повредени најмалку 109.731 Палестинец.

Најмалку уште 19 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 46.584, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека досега во нападите се повредени најмалку 109.731 Палестинец.

„Израелските сили убија 19 лица, а повредија 71 во два масакра на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Министерството за здравство истакна дека во денешните бројки додадени се и 499 Палестинци, чии имиња се документирани и потврдени од релевантниот Комитет на Министерството, со кои вкупниот број достигна 46.537.

Израелската армија ја продолжува геноцидната војна во Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.




AA

Read Previous

Министерство за финансии: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Read Next

Зголемен бројот на странските туристи во Македонија