• јануари 12, 2025

Се чистат Водно и Сарај, надлежните со апел посетителите да бидат одговорни кон природата

Од утрово теренските екипи од јавното претпријатие Паркови и зеленило ја чистат парк шумата Водно и Спортско-рекреативниот центар Сарај. 

– Се спроведуваат редовните активности за одржување на зеленилото вршејќи обирање хартија и отпадоци, информираа оттаму и упатија апел. 

– Апелираме и ги повикуваме граѓаните заеднички да се грижиме за природата. Одложувајте го отпадот до најблиската корпа за отпадоци и со тоа ќе придонесете за зачувување на убавината на природата, порачаа надлежните до посетителите. 

Skopjeinfo

Read Previous

Пет интерпелации во еден ден – помина само една

Read Next

Заменикот државен секретар на САД во Белград: Американските санкции насочени се против Русија, а не против Србија