Според Окружниот суд во Перник, Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија е одговорна за 10 отсто од настанатата штета и треба да ѝ се наложи на секој од тужителите да му плати парична отштета.
Бугарските судови пресудија дека Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната автобуска несреќа во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пренесува Анадолу.
Според Окружниот суд во Перник, АПИ е одговорна за 10 отсто од настанатата штета и треба да ѝ се наложи на секој од тужителите да му плати парична отштета како надоместок за нематеријална штета.
Се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час и дека максимална брзина на делницата е 120 километри на час.
Во судската одлука се вели дека при проектирањето на експресниот пат не биле почитувани геометриските карактеристики и немало поставени патни ознаки на потребните места за ограничување на брзината.
Трагичната несреќа се случи рано утрото на 23 ноември 2021 година. Туристичкиот автобус во кој се наоѓаа 52 лица удри во заштитната ограда на патот, се запали и целосно изгоре.
Во автобуската несреќа загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот, сопственост на компанија од Северна Македонија, се враќаше од Истанбул во Скопје.
AA