јануари 10, 2025

Пекабеско со донација на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести

Пекабеско донираше еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на Клиниката за детски болести каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

„Ова не е прва донација која Пекабеско ја прави во здравството. Како општествено одговорна компанија донираме во континуитет и тоа секогаш кога е неопходно со цел да ја покажеме нашата поддршка кон докторите и медицинскиот персонал. Оваа година Пекабеско слави значаен јубилеј – 45 години од постоењето и под мотото ‘децата се нашето најголемо богатство’ одлучивме финансиските средства кои беа планирани за организирање на прослава да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Во соработка со Министерството за здравство и Детската клиника беа одредени приоритетните медицински апарати и сум посебно горд што за еден месец беше реализирана целокупната донација и веќе овие медицински апарати се на услуги на сите на кои им се неопходни.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

Покрај донациите во здравството, за постојаната поддршка на Црвениот Крст на Пекабеско му беше доделено признанието „Сребрен поддржувач“, а компанијата високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари покажувајќи постојана грижа за заедницата. За таа цел, компанијата гради бројни партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и други хуманистички активности.

TV21

Read Previous

Од полноќ значително поскапување на горивата – Ова ќе бидат новите цени

Read Next

Судска пресуда: Агенцијата за патишта на Бугарија со делумна вина за автобуската несреќа во 2021 година