јануари 8, 2025

Православните христијани во Северна Македонија го одбележуваат Божиќ

Во сите храмови на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) изутринава се одржуваат божиќни литургии, a централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Православните христијани во Северна Македонија денеска го слават едниот од двата најголеми празници во христијанството, Божиќ, јавува Анадолу.

Во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) изутринава се одржуваат божиќни литургии, a централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски, , г. г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатија Божиќно послание во кое пожелува мир и благослов.

По божиќната литургија, во Соборниот храм беше прочитана пораката на архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.

Меѓу присутните, покрај голем број граѓани, имаше и високи претставници на земјата – претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и други.

AA

Read Previous

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок, како Влада работиме на тоа

Read Next

Сиљановска-Давкова за ветото: Јас не сум Уставен суд и нема да оценувам, упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите од Законот