Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиуми по централната литургија по повод празникот Божиќ на сите православни христијани им го честиташе Христовото раѓање.
„Христос се роди, навистина се роди.
Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме.
Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден“, вели Мицкоски.
TV21