Планот е ставен на јавна расправа, кој се очекува да биде одобрен од Советот на министри на Албанија, и има за цел да ја приближи земјата до енергетските и климатските политики на ЕУ.
Владата на Албанија до 2030 година сака да ја ограничи употребата на возила на гориво и да ја зголеми употребата на електрични возила, пренесува Анадолу.
Албанската Влада го претстави Националниот план за периодот од 2025 до 2030 година, според кој планира да го ограничи користењето на моторни возила на гориво на неколку дена во неделата, а да ја зголеми употребата на електрични возила.
Планот е ставен на јавна расправа, кој се очекува да биде одобрен од Советот на министри на Албанија, и има за цел да ја приближи земјата до енергетските и климатските политики на Европската Унија (ЕУ).
Врз основа на планот, во текот на 2025 година се планира употребата на возила на гориво да се ограничи на неколку дена во неделата и се наведува дека возилата на гориво ќе можат да сообраќаат неколку дена во неделата и тоа според регистарските таблички.
Овој план предвидува зголемување на употребата на електрични возила во наредните години. Прогнозите се дека до 2030 година 10 отсто од целиот возен парк во Албанија ќе биде на електричен погон.
Во документот, кој е во фаза на консултации, се наведува дека Националниот план за енергија и клима треба интегрирано да опфати неколку димензии меѓу кои се и декарбонизацијата, енергетската ефикасност и енергетската безбедност.
Според документот, развојот и спроведувањето на националните политики за енергија и клима не само што ќе имаат за цел да ги намалат емисиите на стакленички гасови, туку и би генерирале значителни економски придобивки во различни сектори.
AA