јануари 6, 2025

Протест пред Владата на Црна Гора, побарани оставки поради масакрот во Цетиње

За време на протестот почна и седницата на Советот за национална безбедност на Црна Гора на која се разгледува воведување нови мерки за зголемување на безбедноста.

На протестот пред Владата на Црна Гора вечерва повеќе стотици граѓани на Подгорица побараа оставка од целото политичко раководство на безбедносниот систем, по масакрот што се случи во Цетиње на 1 јануари, кога Ацо Мартиновиќ уби 12 свои сограѓани, јавува Анадолу.

Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е гнил“ и „12 минути тишина“.

Пред Владата се слушнаа и извици „убијци излезете надвор“ и „оставка“.

Една од присутните на денешниот протест Јелена Додеровиќ низ солзи рече дека денеска е на протестот во име на своите деца и на сите луѓе.

„Сите сме цел. Срам за системот“, рече Додеровиќ.

Никола Милиќ, еден од учесниците на протестот, рече дека масакрот во Цетиње многу го погодил црногорскиот народ и општеството во Црна Гора.

„Но, тоа е само причината за овој собир. Капката што ја прелеа чашата е окупационата власт што ја снајде Црна Гора, а која ја персонифицираат премиерот Милојко Спајиќ и претседателот на Собранието Андрија Мандиќ“, рече Милиќ.

За време на протестот почна и седницата на Советот за национална безбедност на Црна Гора на која се разгледува воведување нови мерки за зголемување на безбедноста.



AA

Read Previous

Две 16-годишни деца од Шпанија се обиделе да пренесат петарди на скопскиот Аеродром

Read Next

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок