јануари 6, 2025

Две 16-годишни деца од Шпанија се обиделе да пренесат петарди на скопскиот Аеродром

Вчера во 16 часот на гранична контрола на Меѓународен Аеродром – Скопје биле приведени две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители поради обид да пренесат пиротехнички средства.

„За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи , а додека со родителите да се изврши информативен разговор“, велат од МВР.



Skopjeinfo

Read Previous

Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

Read Next

Протест пред Владата на Црна Гора, побарани оставки поради масакрот во Цетиње