јануари 7, 2025

Продолжува потрагата по возачот на автомобилот кој вчера излета во Вардар

Трагедија вчера ја потресе Македонија, откако на патот Сарај – Рашче, возило падна во Вардар, при што загинаа три жени, додека едно дете е извлечено со повреди и се наоѓа во болница.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, кое според информациите управувало со возилото „ауди“.

Како што информираше ЦУК, од возилото кое беше извлечено од реката, биле извлечени и три безживотни тела на жени, додека четиригодишно дете е спасено и задржано во Детската клиника.

TV21

Read Previous

Една голема новина со автомобилите во Грција стартуваше од 1. јануари

Read Next

Скопје утринава повторно е меѓу првите 10 града со најзагаден воздух во светот