Покрај граѓанската одговорност или автоодговорноста, годинава во соседна Грција е задолжително и автомобилското осигурување од елементарни непогоди.
Новото осигурување ќе биде задолжително за сите автомобили со грчки регистарски таблици.
Осигурувањето ќе важи за природни непогоди како пожар, поплави, земјотреси и штети поради одрони. Обврската се однесува и на приватни и на службени автомобили, со исклучок на автомобилите на државната администрација и јавниот сектор.
Експертите проценуваат дека осигурувањето ќе биде поскапено во просек за 12 евра.
TV21