Врховниот суд на Косово од процедурални причини ја отфрли жалбата на Движењето „Самоопределување“ во врска со Српската листа, со што ќе се дозволи учество на овој политички субјект на парламентарните избори на 9 февруари следната година.
Врховниот суд на Косово од процедурални причини ја отфрли жалбата на Движењето „Самоопределување“ во врска со Српската листа, со што ќе се дозволи учество на овој политички субјект на парламентарните избори на 9 февруари следната година, јавува Анадолу.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Блерим Салаху од Самоопределување изјавил дека се запознаени со процедуралните пречки, но според него, Српската листа продолжила со неуставните и незаконски дејствија. Така, според претставникот на владејачката партија, овие дејствија требало да бидат над процедуралните пречки и жалбата требало да се разгледа мериторно.
„Зошто сакаат да дозволат по секоја цена заверување на Српската листа? И тоа во овие многу решавачки моменти за државата, одговорноста за ова скандалозно заверување на партијата на Радојчиќ ќе ја имаат судскиот систем и опозицијата. И двата се истакнуваат како поддржувачи на Српската листа во една или друга форма“, се вели во соопштението на Самоопределување.
Потсетуваме дека на 23 декември, членовите на Централната изборна комисија не го сертифицираа најголемиот политички субјект на српското малцинство на Косово, Српската листа, за претстојните парламентарни избори закажани да се одржат на 9 февруари 2025 година.
Српската листа ја обжали оваа одлука, при што на 25 декември Избирачкиот совет за претставки и поднесоци ја одобри жалбата на Српската листа.
AA