декември 25, 2024

Финансиската полиција со кривични пријави за даночно затајување

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на сопственик и управител на Друштво за градежништво, трговија и услуги ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ село Ларце, Желино, поради основано сомнение дека сторил кривично дело даночно затајување по член 279 ст.1 од КЗ на РСМ и против истото правно лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување по член 279 ст.2 и ст.3 од кривичниот законик.

Првопријавениот Ф. А. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за градежништво, трговија и услуги ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ с. Ларце, Желино, свесно и со однапред утврдена намера, во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, материјалните средства евидентирани во билансот на состојба како постројки и опрема во вкупна вредност од 12.181.578,00 денари, неосновано ги присвоил за себе и не ги евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок.

Притоа, првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 2.192.684,00 денари.

Второпријавениот правен субјект ГРАДБА КОМПАНИ ДООЕЛ не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход од 11.11% во име и за сметка на првопријавениот во износ од 1.353.373,00 денари, притоа во текот на 2022 година не ги прикажал како приходи застарените краткорочни обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 3.452.355,00 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на вкупен приход по даночна стапка од 1% во износ од 34.523,00 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, првопријавениот во име на второпријавениот правен субјект изготвил и поднел завршни сметки за 2020, 2021, 2022 и 2023 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на РСМ во кои не прикажал деловна активност на пријавениот правен субјект, а обврските се пресликуваат за секоја наредна година.

На тој начин, пријавените затаиле данок на додадена вредност во износ од 2.192.684,00 денари, данок на личен доход во износ од 1.353.373,00 денари и данок на вкупен приход во износ од 34.523,00 денари, со што по сите горенаведени основи го оштетиле буџетот на РСМ во вкупен износ од 3.580.580,00 денари. 

Skopjeinfo

Read Previous

Бесплатен превоз за невработени, паричен надомест за пензионери, солидарен фонд за средношколци, предлага Левица во буџетот на Град Скопје

Read Next

Куќата на Ататурк во Солун повторно се реновира