декември 25, 2024

Скопје во топ 10 во светот: Воздухот „нездрав“, граѓаните загрижени

Скопје се најде на деветто место на листата на најзагадени градови во светот, според последните мерења на квалитетот на воздухот. Воздухот во главниот град е квалификуван како „нездрав“, што предизвика сериозни загрижености кај јавноста.

Од европските градови, пред Скопје на оваа неславна листа се наоѓа Сараево, Техеран, Мумбаи, Делхи, Лахоре и други.

Извештајот покажува алармантно високи концентрации на ПМ-честички и други штетни материи во воздухот, што ги надминуваат безбедните граници за човечкото здравје. Ова го позиционира Скопје меѓу најзагадените урбани средини во светот, со сериозни последици по квалитетот на животот и здравјето на граѓаните.

vozduh-.png

Проблемот со загадувањето во Скопје останува еден од најголемите предизвици за градските и државните власти, додека граѓаните сè повеќе бараат итни мерки за справување со овој долгогодишен проблем.

Инаку пред две недели Скопјани излегоа на протестен марш и го искажаа своето незадоволство од загадениот воздух. Според организацијата Зелен хуман град, секоја година во Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм10.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, рече дека според него, првиот фактор за лошата состојба со амбиенталниот воздух е тоа што домаќинствата и индустријата сè уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

TV21

Read Previous

Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан дискутира за планот за 2025 година

Read Next

Започна Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел