Woman holding basket with products at supermarket
Животот станува се поскап – цените секојдневно растат. Статистика во ноември измери годишна инфлација од 4,3 отсто. За една година храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 5,7 проценти, млекото, сирењето, јајцата за 7,1 , а месото за 4 проценти. Најмногу зеленчукот за 15,6 проценти. Раст на цените има и во однос на октомври, кога беа ограничени маржите со владината потрошувачка кошничка.
За експертите пак, токму владините кошнички прават контраефект и притисок врз цените. Велат треба да се стави во функција Законот за нефер трговски практики и да се казнуваат трговците кои манипулираат со цените.
-Резултатот на инфлацијата се мерките кои ги превзема Владата. Значи ограничени цени, ограничени маржи, потрошувачки кошнички. Со тоа што им дава на трговците на компаниите, да можат некако да работат, да манипулираат со цените. И тоа одма се дава како резултат, изјави Абил Бауш, универзитетски професор.
Бауш очекува опоравување дури после првиот квартал од наредната година. Предупредува да се внимава со растот на платите, пензиите и трошењето на парите од Унгарскиот кредит.
-Новата Влада се фати одма за социјални трансфери, почна да троши пари на социјални трансфери. Дали е добро или лошо тоа се гледа нели на инфлацијата. И понатаму, и понатаму ризик е инфлацијата да продолжи да расте ако овие мерки веќе здодевно и многу се користат и од претходната и сегашната власт, изјави Абил Бауш, универзитетски професор.
Во недела пак почнува новата „новогодишна потрошувачка кошничка. Речиси 700 основни прехрамбени производи треба да осамнат на рафтовите со најмалку 10 проценти попуст. Ќе трае до 15 јануари, а потоа ќе се мерат ефекти за граѓаните. Владата очекува годинава да ја завршиме со 3,5 % инфлација.
TV21