декември 27, 2024

Општините во Скопје и должат на ЈП „Лајка“ 22 милиони денари

Скопски општини имаат вкупен долг кон ЈП „Лајка“ поголем од 22 милиони денари пишува Слободен печат. Обврската на секоја општина е да му плаќа на претпријатието 2 милиони денари. Единствена општина која навреме си ги подмирила обврските е Општина Гази Баба, а нејголеми должници се Општина Кисела Вода со нешто повеќе од 5 милиони денари и Општина Ѓорче Петров со 4,8 милиони денари.

„Ако сите општини си ги исполнуваат обврските, претпријатието ќе биде уште поефикасно. За жал, сега штетата за каснување на територија на овие општини ја плаќаат „Лајка“ и Градот Скопје, а општините своите финансиски обврски не ги исплаќаат. Доколку сите 10 скопски општини си ги плаќаат обврските, претпријатието ќе работи сигурно и одржливо, а со тоа би се решил и проблемот со исплаќање оштети за каснување од бездомно куче“, тврдат од претпријатието.

И покрај сите овие проблеми со кои се соочува, ЈП “Лајка“ во последните 2 години го има дуплирано резултатот на третирани кучиња наспроти било кое предходно партиско раководство што впрочем и е главната дејност на претпријатието, хуман третман на бездомни кучиња.




Skopjeinfo

Read Previous

Министрите за надворешни работи на Туркије и Иран разговараа за Сирија во Доха

Read Next

Судири во Грција: Демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења кон полицијата