декември 12, 2024

Вонреден состанок на Тесното Претседателство на ДУИ

Од ДУИ информираат дека вчера имале вонреден состанок со цел проценување на загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември.

„Тесното Претседателство на Демократската унија за интеграција одржа состанок за да ја процени загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември, која има за цел да го укине Законот за употреба на јазиците и, преку тоа, да го поништи Охридскиот рамковен договор и мирот што тој го воспостави.

Тесното раководство оцени дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на нелегитимната влада и претставуваат сериозна закана за стабилноста на земјата и меѓуетничката хармонија. Во пресрет на оваа неприфатлива состојба, Тесното раководство одлучи да го свика највисокото партиско тело во понеделник, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на владата да ја дестабилизира земјата.

Истовремено, уште еднаш ги повикуваме сите актери вклучени во овој монструозен и крајно опасен план да ја прекинат оваа лудост, бидејќи последиците ќе бидат незамисливи.

ДУИ останува посветена на заштитата на Охридскиот рамковен договор и на сите достигнувања што ја гарантираат еднаквоста и мирот во Северна Македонија. Во овие клучни моменти, ги повикуваме сите граѓани и меѓународните фактори да останат обединети во одбраната на мирот и стабилноста“, велат од ДУИ.

TV21

Read Previous

Во Белград и други градови низ Србија одржан протестот „Застани, Србијо“

Read Next

Албин Курти во Сараево: Косово и БиХ споделуваат историја и имаат заедничка европска иднина