декември 12, 2024

Мицкоски: Оставаме работниците и работодавачите сами да се договорат за минималната плата

Премиерот Христијан Мицкоски после седницата на економскиот совет, на прашање на ТВ21 зборуваше за минималната плата. Се бара минималната плата да биде 450 евра.

„На седницата на економскиот совет има претставници од работодавачите и работниците. Едните имаат едно барање, другите друго, а ние сме некако на средината и на едните и на другите. Затоа како Влада ние нема да се мешаме, ќе оставиме тие да се договорат, а ние ќе прифатиме“, рече Мицкоски.



TV21

Read Previous

Турскиот министер за надворешни работи Фидан ќе присуствува на Форумот во Доха

Read Next

Јаневска: Владата се залага за поквалитетен и инклузивен образовен систем