На маргините на форумот шефот на дипломатијата ќе се сретне со своите колеги, а се очекува и средба на министрите за надворешни работи на Иран, Русија и Туркије за Процесот од Астана
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ќе учествува на 22. Форум во Доха, во главниот град на Катар во периодот од 7 до 8 декември, изјавија дипломатски извори за Анадолу.
Според изворите, се очекува Фидан да присуствува на разни сесии и да говори за време на годишниот настан.
На маргините на форумот шефот на дипломатијата ќе се сретне со своите колеги, а се очекува и средба на министрите за надворешни работи на Иран, Русија и Туркије за Процесот од Астана.
Анадолу е глобален комуникациски партнер на платформата.
Форумот, чија тема оваа година е „Императивот за иновации“, ќе биде домаќин на политичари, академска фела и експерти од целиот свет и тие ќе разговараат за геополитиката, новите технологии, безбедноста, економскиот развој и културната дипломатија.
AA