април 2, 2025

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не прифаќаме, но подготвени сме да разговараме за отворање на првиот кластер

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Брисел, од каде се огласи вечерва, истакнувајќи дека Владата останува фокусирана на реформи и подобри услови за живот.

„Денеска овдека сме да ја испратиме онаа порака која што до сега ја испраќавме, а тоа е дека македонската Влада останува фокусирана на реформи, останува фокусирана на обезбедување подобри услови за живот на македонските граѓани и нормално наша главна цел останува да биде полноправно членство на нашата Македонија во рамките Европската Унија. 

Денеска имав можност да остварам две билатерални средби. Едната е со госпоѓата Марта Кос којашто е новиот комесар за проширување и господинот Антонио Кошта којшто е новиот претседател на Европскиот Совет. И на двете средби во исклучително пријателска, и би рекол срдечна и конструктивна атмосфера разговараме за сето она што ние досега го имаме поминато како предизвик во минатото, за сето она кое што ние требаше и се откажавме во името на европските вредности, но истовремено ги реафирмиравме нашите ставови дека ултиматуми не прифаќаме, дека сме подготвени да разговараме и подготвени сме да разговараме онолку колку што е потребно за да најдеме начин како да го отвориме првиот кластер, брзо да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја членка во Европската Унија.

Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за нашите граѓани, а како дел од таа агенда е и нашата целосна инспирација да бидеме дел од европското семејство.“, рече Мицкоски.

TV21

Read Previous

Пленковиќ: Иницијативата за недоверба на Владата нема да помине, хрватското општество е екстремно поларизирано

Read Next

„Помисли двапати“ кампања на Интерпол за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами