Според веб-страницата IQAir, утринава најзагаден град во светот бил главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со вредност на индексот од 292, додека Скопје се најде на третото место со вредност на индексот од 199.
ри главни града од Балканот се најдоа меѓу 10-те најзагадени градови во светот според веб-страницата IQAir, јавува Анадолу.
Веб-страницата IQAir го составува рангирањето на големите градови во живо, што се состои од приближно 120 големи градови, подредени според Индексот за квалитет на воздухот.
Според веб-страницата, рангирањето на големите градови во живо се ажурира најмалку еднаш на час, за да ги одрази променливите услови за квалитетот на воздухот во поголемите градови низ светот.
Според ова, утринава најзагаден град во светот бил главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со вредност на индексот од 292.
Главниот град на Северна Македонија, Скопје, се најде на третото место со вредност на индексот од 199.
Меѓу 10-те најзагадени градови е и главниот град на Косово, Приштина, кој се најде на 10-тото место со вредност на индексот од 127.
Градовите се поделени во 6 категории зависно од состојбата на загаденост на воздухот: добра состојба (индекс под 50), умерена (51-100), нездрава за чувствителни групи (101-150), нездрава (151-200), многу нездрава (201-300) и опасна (над 301).
IQAir користи податоци за генерирање на рангирањето во живо од илјадници регулаторни станици за следење на квалитетот на воздухот и сензори за квалитет на воздухот управувани од владини тела, истражувачки институции, непрофитни организации, компании и граѓански научници.
Бројот прикажан за секој поголем град е просечен индекс на квалитет на воздухот од сите станици во тој град за тоа одредено време.
IQAir е швајцарска технолошка компанија која им помага на поединците, организациите и владите да го подобрат квалитетот на воздухот преку информации и соработка.
AA