ноември 21, 2024

Скопје на 21 место по загаденост во светот, годишно во Македонија умираат 3.400 луѓе од загаден воздух

Денеска Скопје беше на 21 место по загаденост на воздухот, додека вчера главниот град беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот.

Загаденоста на воздухот е проблем во Македонија години наназад, а досега никој не наоѓа решение. Особено загаден воздух има во Скопје, Тетово, Струмица, Битола, но и во другите градови.

Во Македонија годишно умираат 3400 луѓе од загаден воздух, што претставува нешто помалку од 20% од вкупната смртност.

Главни извори на загаден воздух се загревањето на домаќинствата и јавните објекти, сообрќајот и ресуспендираните честички.

Погодени се најмногу децата, како и оние кои имаат долгорочни здравствени проблеми.

СЗО предупредува дека голем дел од Балканот диши загаден воздух.



TV21

Read Previous

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух, велат од СДСМ

Read Next

Германија го критикува Израел дека „не ги исполнува ветувањата“ за помошта во Газа