ноември 21, 2024

Ердоган: Ќе работиме со сите сили, наредниот период да го направиме Век на туркискиот свет

До денес дојдовме со надминување на пречките, но ни претстои уште долг пат , рече Ердоган во своето обраќање на 11. Самит на шефови на држави на Организацијата на туркиските држави (ОТС).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека ќе работат со сите сили за да го направат претстојниот период Век на туркискиот свет, јавува Анадолу.

„До денес дојдовме со надминување на пречките, но ни претстои уште долг пат“, рече Ердоган во своето обраќање на 11. Самит на шефови на држави на Организацијата на туркиските држави (ОТС).

Тој, исто така, изрази надеж дека придобивките на Азербејџан на терен ќе се консолидираат на маса со потпишување мировен договор.

Ерменската војска во 1991 година го окупираше Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Азербејџан воспостави целосен суверенитет во Карабах во септември 2023 година, по „антитерористичката операција“ по која сепаратистичките сили во регионот се предадоа.

Азербејџан и Ерменија допрва треба да потпишат мировни договори и да ги нормализираат односите.

Во врска со израелската агресија на палестинските територии, тој рече дека меѓународната заедница не успева да го спречи геноцидот што се случува на окупираните палестински територии, особено во Газа.

„Туркије не го прифаќа ова ‘злосторство’ и ‘нечовечки масакр’ во Газа“, рече турскиот претседател, повикувајќи го туркискиот свет да заземе „решителен“ став.

Израел ја продолжи бруталната офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, во која досега се убиени 43.400 Палестинци, а енклавата стана речиси непогодна за живеење.





AA

Read Previous

Работна посета на Муцунски во Прага: Разменети мислења за предизвиците на европскиот пат

Read Next

Трамп им се заблагодари на Американците што го избраа за 47-ми претседател на САД