ноември 21, 2024

Најмалку 51 лице загина во поплавите што ја зафатија Шпанија

Поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија шпанската автономна област Валенсија се причина за смртта на најмалку 51 лице

 Силно невреме проследено со поројни дождови ги погоди источните и јужните региони на Шпанија, известува Анадолу.

Најмалку 51 лице ги загубија животите во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија шпанската автономна област Валенсија.

Карлос Мазон, шеф на автономната влада на Валенсија на истокот на земјата, објави дека има смртни случаи во некои области.

„Во некои подрачја се пронајдени тела. Потрагата по исчезнатите е во тек. Од почит кон семејствата, нема да даваме дополнителни информации“, соопшти Мазон.

Тој рече дека ова е најголемата катастрофа што го погодила ова подрачје од 1996 година.

Во вестите се наведува дека неповолните временски услови предизвикале големи штети во источните и јужните предели каде наврнале над 200 литри врнежи на метар квадратен.

Од поројните врнежи поплавени се земјоделски површини, оштетени се стотина возила, паднати се дрвја, руинирани се патишта и мостови и има сериозни нарушувања во копнениот и железничкиот сообраќај.

„Внимателно и вознемирено ги следам информациите за исчезнатите лица и штетите предизвикани од силниот дожд и невремето во последните неколку часа. Дежураат сите служби за итни случаи и цивилната заштита. Да ги избегнеме непотребните патувања“, изјави премиерот Педро Санчез.




AA

Read Previous

Мицкоски: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, 250 евра за дигитални уреди и поддршка за бизнис и многу други проекти за младите

Read Next

Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари