ноември 23, 2024

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 43.160

„Израелските сили извршија пет масакри на семејства во последните 24 часа, при што се убиени 102 лица и 287 се повредени“, соопшти Министерството.

Најмалку уште 102 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на убиени од минатата година достигна 43.163, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека околу 101.510 лица се повредени во тековните напади.

„Израелските сили извршија пет масакри на семејства во последните 24 часа, при што се убиени 102 лица и 287 се повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжи со својата брутална офанзива врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Поради израелската офанзива врз Газа е раселено речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.




AA

Read Previous

Стефковски: Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни во Хиподром 2

Read Next

Јаневска: Oбразованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите