Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на Формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада. Конференцијата е организирана во ко-партнерство од страна на министерствата за надворешни работи на Канада, Норвешка и Украина.
На конференцијата се очекува министрите да разменат мислења и ставови околу враќањето на воените заробеници и незаконски притворените цивили како резултат на руско-украинската војна, како и за изнаоѓање најсоодветни механизми за враќање на незаконски раселените и присилно депортираните украински деца од страна на Руската Федерација. Дополнително, се очекува од конференцијата да произлезе акциски план за ослободување на притворените цивили, воени и политички заробеници, како и за враќање на депортираните деца. Планот ќе опфати и мерки за нивна рехабилитација и повторна реинтеграција со нивните семејства по враќањето во татковината.
Во рамките на конференцијата, предвидено е Муцунски да оствари и неколку билатерални средби.
ZOOM