Градоначалникот на Приштина, Прпарим Рама, изгледа најде креативно „решение“ за сообраќајните проблеми во главниот град.
Запрашан во едно телевизиско студио за долгите колони возила, тој спремно им предложи на граѓаните да излезат од своите автомобили и да одат пеш, или, ако сакаат, да читаат книги.
Но, ако мислевте дека шегата на Рама е врв, неговиот советник Висар Геци дополнително ја продлабочи ситуацијата со банална и подбивачка изјава:
„O, сме се шегувале за книгите… продолжете прстот да го ставате во нос додека чекате на семафори“.
Овој коментар, далеку од тоа дека е сериозно решение за преоптоварениот град, носи само иронија и длабока неодговорност. Кога еднаш ќе прочитате книги, еднаш ќе го ставите прстот во нос – се чини дека ова е визијата на урбаното управување за Приштина. Граѓаните кои бараат решение за неподносливиот сообраќај, наместо тоа добиваат совети за забава и сатира, пишуваат медиумите во Косово.
TV21