Синоќа имало спасувачка акција на Шар Планина.
Според информациите, се работи за моторциклист кој паднал во провалија.
Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера во 17:31 часот била примена пријава за повредено лице по пад со мотор во провалија.
Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово.
Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата.
Во 18:15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница „Ферит Мурат“ од Гостивар.
TV21