октомври 24, 2024

Судот нареди поранешниот албански претседател да остане во притвор поради истрагата за корупција


Лидерот на левичарската Партија на слободата беше уапсен во понеделникот во главниот град Тирана за наводно перење пари и корупција

Судот во Албанија одлучи дека поранешниот претседател Илир Мета треба да остане во притвор во очекување на исходот од истрагата за обвинувањата, јавува Анадолу.

Лидерот на левичарската Партија на слободата беше уапсен во понеделникот во главниот град Тирана за наводно перење пари и корупција, објавија локалните медиуми.

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија, исто така, донесе одлука сопругата на Мета, Моника Криемади, која е во процес на развод и се товари за слични обвинувања, да биде предмет на судска контрола во форма на пријавување во полиција еднаш месечно.

Обвинителите тврдат дека 55-годишниот Мета ги злоупотребил своите овластувања за време на мандатот како министер за економија, трговија и енергетика за да влијае врз различни бизниси за финансиска корист.

Исто така, беше наведено дека Мета не успеал да оправда околу 460.000 долари што ги користел за лобирање во САД пред да стане претседател во 2017 година.

Мета беше претседател на Албанија од 2017 до 2022 година.

Тој, исто така, беше и премиер и министер за надворешни работи и на други високи позиции.

Полицијата и обвинителството допрва треба да дадат официјално соопштение за апсењето.

AA

Read Previous

Нарко босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска: Колку му платил нарко босот Барон на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од СДСМ

Read Next

Спасувачка акција на Шар Планина, моторциклист падна во провалија