На својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски упати честитки по повод денешниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
„Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба.На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест. Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност. На овој ден да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој не обврзува. Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет. Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат. Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта. Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба“, напиша премиерот.
TV21