ноември 22, 2024

Голем интерес за вакцинација против сезонски грип: Повеќе од 52.000 пријавени


Министерството за здравство информира дека на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52.000 лица, што укажува на голем интерес за вакцинација против сезонски грип.

Во првите два дена на вакцинацијата, 8.800 лица добиле вакцина.

Пријавувањето се врши преку пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk, што автоматски ги регистрира граѓаните во системот Мој Термин. Согласно распоредот, преку СМС граѓаните добиваат информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Бесплатната вакцинација е достапна за ризичните групи, вклучувајќи повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во тие установи.


TV21

Read Previous

Во Истанбул започна меѓународниот саем за одбрана САХА Експо 2024

Read Next

Најмалку 19 лица загинаа во израелски воздушни напади врз јужен и источен Либан