Одењето од точка А до точка Б можеби не е исто искуство низ цела Европа. Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат.
Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија.
Сепак, постои огромен јаз во нивото на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови.
Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.
Македонија е меѓу последните на оваа листа, односно шеста од позади. Позади нашата земја се Италија и Албанија со 29% задоволство од јавниот превоз. Кај Италија треба да се напомене дека исклучок е Рим, каде што задоволството од јавниот превоз е околу 50%. Следува Црна Гора со 37%, Србија и Кипар со 44% задоволни граѓани, додека во Македонија задоволство од јавниот превоз искажале 47% од граѓаните.
Нависоко задоволство од јавниот превоз има во Австрија, каде што дури 91% се задоволни од тоа како функционира јавниот превоз.
TV21