октомври 11, 2024

Турскиот претседател Ердоган со највисоки државни почести пречекан во Србија

Ердоган во Палатата Србија во Белград беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со највисоки државни почести е пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, каде што допатува синоќа во официјална посета, јавува Анадолу.

Ердоган во Палатата Србија беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ, а додека се интонираа националните химни на двете земји, беа истрелани 7 артилериски рафала.

Поздравувајќи ја почесната гарда, Ердоган и Вучиќ се ракуваа и се фотографираа пред претставниците на медиумите. Двајцата лидери потоа ги претставија своите делегации.

Ердоган и Вучиќ потоа влегоа во палатата на тет-а-тет средба.

Заедно со Ердоган, во посета на Србија допатува и неговата сопруга Емине Ердоган, како и придружната делегација составена од министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, шефот на Националната разузнавачка агенција, Ибрахим Калин, челникот на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, претседателот на Oдбранбени индустрии, Халук Ѓорѓун, и претседателот на Советот за високо образование проф. д-р. Ерол Озвар.





AA

Read Previous

„Владата на СДС и ДУИ потрошила 6 милиони евра за заштита на државата од сајбер напади, а нападнати беа повеќе државни институции“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Read Next

Помош од Туркије: Првите контејнери и генератори доставени до Коњиц, БиХ, по разорните поплави