ноември 23, 2024

Парите од унгарскиот кредит ќе одат преку Развојната банка – се очекува да бидат достапни до Нова година

Парите од унгарскиот кредит, наменети за бизнис секторот, ќе се распределуваат преку Развојната банка, која ќе преговара со комерцијалните банки за условите на кредитирањето на компаниите. Очекувањата се дека средствата ќе бидат достапни до крајот на годината.

– Во следната недела се планира преносот на средствата. Потребно е да се направи и прераспределба во рамките на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме средствата на Развојната банка на основа на позајмица, а таа понатаму ќе ги распределува. Мојата задача беше да го потпишам кредитот, да ги осигурам средствата и да ги пренесам на Развојната банка согласно договорот помеѓу Министерството и банката. Понатаму, Развојната банка и вклучените лица ќе продолжат со комуникацијата со комерцијалните банки, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска, на денешната прес-конференција во Владата.

Очекувањата се дека средствата од кредитот, потпишан на 8 октомври во Будимпешта, ќе бидат достапни за компаниите пред Нова година. Министерката нагласи дека времето на реализација ќе зависи од ангажманот на сите вклучени институции.

– Според разговорите со премиерот, верувам дека тоа ќе се случи оваа година, но не можам да предвидам како ќе се развиваат работите. Можам да гарантирам за работите во рамките на Министерството за финансии, но не и за ангажманот на другите институции, па поради тоа не можам да потврдам кога точно ќе бидат достапни средствата. Очекуваме дека тоа ќе се случи пред Нова година, рече Димитриеска-Кочовска.



TV21

Read Previous

Ураганот Милтон го зафати заливскиот брег на Флорида како бура од трета категорија

Read Next

Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Косово: Укинувањето на балансерот е во функција на дневна политика на Владата со моноетнички легитимитет