ноември 23, 2024

Сиљановска-Давкова: Луѓето се уморни од чекање на членство во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати од Процесот Брдо – Бриони во Тиват, Црна Гора.

Таа зборуваше за европските интеграции на земјите од Западен Балкан, и кажа дека чекалната на Европската унија наречена Западен Балкан се празни на два начини: првиот е со интегрирање на земјите, а вториот преку иселување на луѓето, особено младите.

„Луѓето се уморни од чекање за членство на нивните држави во Европската унија. Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите, а не мигрирање на граѓаните. Процесот ќе ја исполни својата цел тогаш кога и последната држава заглавена во овој гео-политички регион ќе стане полноправна членка на Унијата и кога жаргонот Западен Балкан ќе го испратиме во историјата, и тоа не подоцна од 2030-та година“, рече Сиљановска-Давкова и дополни:

„Очекуваме нашите соседи да ги почитуваат договорите, без да го злоупотребуваат правото на вето“, рече таа.




TV21

Read Previous

“Анализа во контекст на принципот на соодветна и правична застапеност”

Read Next

„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево-Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ