Протестот се одржа пред Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност со народот на Палестина и Либан
Во Скопје се одржа протест во знак на солидарност со народот на Палестина и Либан, јавува Анадолу.
Протестот беше организиран од студентската иницијатива на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ), „УКИМци за Палестина“.
Десетици граѓани учествуваа на протестот организиран преку социјалните мрежи, на кој се појавија транспаренти со натписи „Стоп за геноцидот“, „Слобода за Палестина“, „НАТО финансира, Израел бомбардира“ и други.
Граѓаните од различни националности, Македонци, Албанци, Бошњаци и Турци протестираа со скандирање и облечени во традиционална палестинска облека, со „кефије“, веејќи го палестинското знаме.
Присутните читаа песни, одржаа говори и пееја химни и песни во чест на жртвите и на палестинскиот и либанскиот народ.
Демонстрантите, исто така, ја повикаа владата да ја признае палестинската држава, веќе призната од десетици земји низ светот.
Исто така, беше повикано и на забрана на трговијата со Израел и санкции како одговор на геноцидот извршен во Газа.
AA