ноември 21, 2024

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,822%, кај дизелот зголемувањето е за 2,133%, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,535% и кај мазутот зголемувањето за 3,196%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,394%.

Од 8.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  75,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             77,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            68,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               68,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 42,780 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.



TV21

Read Previous

БиХ: Спасувачките тимови продолжуваат со пребарување на теренот во подрачјето на Долна Јабланица

Read Next

Една година израелски геноцид: Газа во урнатини среде глад и раселување