Спасувачките тимови продолжуваат со пребарување на теренот на подрачјето на Долна Јабланица, интензивно се работи на чистење на главните и локалните патишта, како и на поправка на електричната и водоводната мрежа
Патните комуникации на подрачјето на Општина Јабланица во Босна и Херцеговина и одредени населени места се во прекин, како и со соседните општини, соопшти Федералната управа за цивилна заштита, јавува Анадолу.
Се работи на расчистување на патиштата. Од раните утрински часови спасувачките тимови продолжуваат со пребарување на теренот на подрачјето на Долна Јабланица, интензивно се работи на чистење на главните и локалните патишта, како и на поправка на електричната и водоводната мрежа. Поправена е и базната станица на мобилната мрежа.
Наведено е дека на подрачјето на Коњиц на санирање на катастрофалните последици работи сета градежна оператива што се поседува.
„Рано утрово како помош од Република Словенија пристигна голем број градежни машини и од утрово се пуштаат во работа. Вчера голем број доброволци учествуваа во чистењето, таму каде што дозволуваа условите. Горските служби за спасување се пробиваа до селата и се вршеше евакуација на населението. Се проценува дека помошта сѐ уште не е стигната во повеќе од десет села поради огромната штета на патиштата и големата оддалеченост. Тоа се претежно планински села под Битовња“, се соопштува.
Продолжува работата на расчистување на патиштата во Дрежница. Патот за Дива Грабовица е расчистен. Комисијата за процена на штети денес излегува на терен.
Состојбата во општините Кисељак, Фојница и Крешево не е променета и се врши расчистување и санација на теренот. На подрачјето на општините Кисељак и Фојница пратени се припадници на Кантоналната служба за заштита и спасување од височини и на Кантоналната служба за заштита од пожари и поплави.
AA