ноември 21, 2024

И Македонија испраќа свои тимови за помош во БиХ – ќе пребаруваат и ќе спасуваат од урнатини и поплави

Согласно барањето за помош што Босна и Херцеговина вчера го упати преку Европскиот механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами свика итен координативен состанок.

ДЗС донело одлука да упати тим за пребарување и спасување од урнатини од вкупно 17 припадници со опрема и 5 возила, како и тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила)

Се очекува Владата на БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта




TV21

Read Previous

Во БиХ се гласа на локалните избори, гласањето е одложено во 5 општини

Read Next

Мицкоски: „Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8