ноември 21, 2024

Ердоган: Туркије нема да дозволи регионот да се распарчи

„Злобниот план што се спроведува нема да биде ограничен на Газа, Западниот Брег, Либан. Не ви треба пророштво за да видите каде лежи крајната цел“, рече Ердоган

Туркије нема да дозволи повторно распарчување на регионот со нов договор како што беше Договорот Сајкс-Пико, што го подели Блискиот Исток, порача денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Потпишан на 16 мај 1916 година од Велика Британија и Франција, Договорот Сајкс-Пико направи демаркација на британската и француската сфера на влијание на Блискиот Исток по распадот на Османлиското Царство за време на Првата светска војна.

„Злобниот план што се спроведува нема да биде ограничен на Газа, Западниот Брег, Либан. Не ви треба пророштво за да видите каде лежи крајната цел“, рече Ердоган во обраќањето на турскиот технолошки настан ТЕХНОФЕСТ во јужниот турски град Адана.

Секоја пролеана капка крв подеднакво ја делат и оние кои фрлаат бомби и оние кои ги снабдуваат со бомби, додаде тој.


Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, убиени се над 41.800 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 96.840 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.

Во израелските напади во Либан оттогаш се убиени најмалку 1.947 луѓе, речиси 9.400 се повредени, а 1,2 милиони се раселени, според либанските власти.

Меѓународната заедница предупреди дека поради израелските напади врз Либан конфликтот во Газа би можел да се прошири во регионална војна.





AA

Read Previous

Утрово почина 14-месечно бебе на Детската клиника

Read Next

Заменик претседателот на ТИКА ,Чевик испрати порака за сочувство за Босна и Херцеговина