На Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ починало 14-месечно бебе. Родителите тврделе дека неколку пати биле одбивани да биде хоспитализирано, иако неколку пати го носеле на Клиниката.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат најавува дека ќе изврши надзор.
„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуалните пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица во здравствените установи како и лекарите кои учествувале во претходното пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, велат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат“, велат од ДСЗИ.
TV21