Кафулето „Газа“, кое се наоѓа во близина на историскиот плоштад „Шадерван“ во Призрен, каде што вообичаено се служат коктели подготвени од свежо цедени овошни сокови, го украсуваат и знамиња и симболи на кои пишува „Слободна Палестина“.
Халид Јонузи, кој веќе 10 години го води кафулето наречено „Газа“ во градот Призрен на југот на Косово, за Анадолу изјави дека тоа е единствено нешто што може да стори, поддршка на Палестинците, солидаризирање со нив, потсетување на нивните страдања и насочување на вниманието кон мизерната состојба на народот што живее меѓу ѕидови веќе 70-80 години“.
Кафулето „Газа“, кое се наоѓа во близина на историскиот плоштад „Шадерван“ во Призрен, каде што вообичаено се служат коктели подготвени од свежо цедени овошни сокови, го украсуваат и знамиња и симболи на кои пишува „Слободна Палестина“.
Јонузи во разговорот со дописникот на АА зборуваше за процесот на именување на кафулето „Газа“, за реакциите што ги добил и неговите цели поврзани со кафулето.
Зборувајќи дека објектот што го отворил на 1 август 2014 година го именувал „Газа“ во знак на поддршка на палестинскиот народ, Јонузи рече:
„Тоа е сѐ што можам да сторам. Идејата ми беше поддршка на тие луѓе, да се солидаризирам со нив, да се потсетиме на нивните страдања и да го насочам вниманието кон мизерната состојба на народот што живее меѓу ѕидови веќе 70-80 години.“
Наведувајќи дека предлогот за името потекнува од неговиот татко, Јонузи нагласи дека откако се одлучил за името, неговата чувствителност кон Газа се зголемувала од година во година.
Зборувајќи дека главно добива позитивен фитбек од туристите што доаѓаат во неговото кафуле, Јонузи истакна:
„Работам со туристи, обично тие ме прашуваат од каде потекнувам. Јас им велам дека сум мештанин, но дека сум загрижен за луѓето од Газа. Тие се угнетувани пред очите на светот.“
Осврнувајќи се на сличностите меѓу децениските страдања на народот на Косово и народот на Палестина, Јонузи продолжи со зборовите:
„Сите ја гледаме Газа на телевизија, но никој ништо не прави. Се плашам дека пожарот во Газа ќе стане уште поголем и ќе ги зафати сите народи само затоа што молчат. Јас го правам тоа што ми поаѓа од рака, му давам поддршка на овој народ. Може да го споредиме народот на Косово со народот на Палестина. Ние страдавме со години, а и тие страдаат поради немилосрден систем што е исполнет со злосторство. Оние што се против каузата на Газа, за да разберат што се случува, нека погледнат барем едно видео. Сите ние имаме мајки, татковци, деца. Секој чувствителен човек треба да биде погоден од овие настани, ова нема никаква врска со политиката.“
Наведувајќи дека лозинката за безжичниот интернет во неговото кафуле е „Слободна Газа“ и таа е испишана на различни делови од објектот, Јонузи нагласи дека имал цел да ја пренесе својата порака до сите што минуваат по улицата, вклучително и децата.
Јонузи нагласи дека пораката што сака да ја пренесе почнала побрзо да се шири поради случувањата во Палестина. На крајот Јонузи рече дека има свои цели и идеи во врска со бизниот и дека треба да вложи повеќе напори за нивно остварување.
AA