ноември 24, 2024

Ахмети му одговори на Мицкоски за ветингот: Не снимам холивудски филмови, да видиме како ќе испадне „хуморот“

„Да го пробаме хуморот да видиме како ќе испадне“, рече за ТВ21 лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево како одговор на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој повиците на Ахмети за ветинг ги оцени како „добар хумор“.

Ахмети рече дека законот е предложен пред 4 години и повика ветингот да се направи со учество на Брисел и Вашингтон.

„Да видиме како ќе се одвива расположението. Овде не снимам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека нарачаат, ние правиме се“, рече Ахмети.

Тој додаде дека сака да ја истражи и приватизацијата од 90-тите, каде според него, Албанците во континуитет биле дискриминирани.




TV21

Read Previous

Мицкоски за барањето за ветинг: Мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши

Read Next

Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран