Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на прашање на ТВ21 во однос на барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се спроведе ветинг за сите функционери во последните 30 години.
Како што вели тој сметал оти со заминувањето на ДУИ во опозиција ваков тип на хумор и сатира завршиле.
„Јас мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор заврши, но тие еве продолжуваат и понатаму. Во ред е, еве ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија“, рече Мицкоски.
TV21