октомври 3, 2024

Целосно изгаснат пожарот во Чаир – утрово три противпожарни возила на терен!

Утрово во 06.00 часот е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат.

Според информациите, во моментов пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ке се утврдува

Од Центарот за управување со кризи потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин на улица „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.




TV21

Read Previous

Пратеникот Мурат, зборуваше на настанот на Европскиот Фронт

Read Next

Ѓорѓиевски: Обезбедено е ново противпожарно возило за потребите на Кисела Вода