Ставот на Движењето за права и демократија на Турците во Македонија за 100-дневната работа на владата, изнесен од страна на пратеникот Сали Мурат на денешната конференција организирана од страна на Европскиот фронт по повод 100 дена од функционирањето на Владата на Мицкоски.
Пратеникот Салих Мурат, овде во своето обраќање рече дека актуелната влада во последниот период покажува сериозни недостатоци кои бараат итно внимание и дејствување.
Ставот на Движењето за права и демократија на Турците во Македонија за 100-дневната работа на владата, изнесен од страна на пратеникот Сали Мурат на денешната конференција организирана од страна на Европскиот фронт по повод 100 дена од функционирањето на Владата на Мицкоски.
Работата на актуелната влада во последниот период покажува сериозни недостатоци кои бараат итно внимание и акција. Неуспехот да се добие препорака за влез во ЕУ е директен резултат на неефективните политики и го загрозува евро-атлантското иднина на нашата земја.
Економската политика на владата е особено загрижувачка. Неконтролираното задолжување и селективната распределба на буџетските средства водат кон финансиска нестабилност и нерамномерен развој. Оваа неодговорна фискална политика ја загрозува економската иднина на земјата.
Длабоко сме загрижени за растечката нетолеранција и поделби во општеството. Говорот на омраза и зголемената тензија во внатрешните и надворешните односи укажуваат на неспособноста на владата да управува со кризите и да промовира социјална кохезија.
Легитимитетот на оваа влада сериозно се доведува во прашање, особено меѓу турската и албанската заедница. Инсистираме на доследна примена на принципот на правична застапеност за сите заедници.
Демократските процеси во земјата се оштетени со забрзани законодавни практики и маргинализација на опозицијата во парламентот.
Надворешната политика на владата е загрижувачка со континуирано влошување на односите со соседните земји. Обидите за влијание врз медиумите се директен напад на слободата на изразување и демократските вредности.
Катастрофалните социјални и здравствени политики, неефикасните земјоделски политики, неисполнетите ветувања кон пензионерите, влошените образовни и културни политики и незаинтересираноста кон младите и спортот се најголемиот неуспех на оваа влада.
Развојот на инфраструктурата е далеку од транспарентен и селективен. Инсистираме на балансиран развој на сите региони.
Директно одговорни за овој неуспех се и нелегитимните и непочитувани турски политички партнери во коалицијата. Владата го изгубила својот кредибилитет и единствената опција е да поднесе оставка.
Ги повикуваме граѓаните да останат будни и активно да учествуваат во демократските процеси. Само заедно можеме да ја вратиме земјата на патот на напредок, стабилност и европска интеграција.