ноември 23, 2024

Ќе се забрани пристап и до странските онлајн обложувалници

Владата ќе остане силно посветена на борбата против нелегалното коцкање на интернет.

По владината одлука за забрана на онлајн коцкањето, Министерот за дигитализација вели дека следниот чекор ќе биде детекција и гасење на сите страници кои приредуваат игри на среќа на интернет, а во оваа акција покрај домашните, ќе бидат опфатени и странските играчи на пазарот.

„Мене ми е драго што владата е обединета со нелегалното онлајн обложување. Првиот состанок е со Агенцијата за електронски комуникации, Марлет и од Лотарија, на кои се утврдија чекори како да се справуваме со нелегалното коцкање. Прво забранување со домејните на .мк, затоа што тие се спротивни со законот на игри на среќа. Потоа разговаравме за блокирање на странски домејни кои се присутни на домашниот пазар“, рече Стефан Андоновски, министерот за информатичко општество.




TV21

Read Previous

Ахмети сега не сака во Влада: Не сум јас резервна гума

Read Next

Ердоган апелираше што е можно повеќе земји да ја признаат државата Палестина