ноември 23, 2024

Ахмети сега не сака во Влада: Не сум јас резервна гума

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, на конференцијата „100 дена скандали, понижувања и неуспеси“, изјави дека Европскиот фронт не е заинтересиран да стане дел од Владата, бидејќи, како што додаде, тие не се резервна гума, јавува Прес 24.

Ахмети рече дека Европскиот фронт е легитимен претставник на Албанците и помалите етнички заедници, додавајќи дека ВЛЕН не победи на изборите.

„Ние сме легитимните претставници на Албанците, тие не победија на изборите“, рече првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.




PRESS24

Read Previous

Села со порака до ВЛЕН: Дојдете кај нас и заедно ќе му го покажеме местото на Мицкоски

Read Next

Ќе се забрани пристап и до странските онлајн обложувалници