ноември 22, 2024

Вчера се одржи проекцијата на филмот „Зрно пченица“ за животот на турскиот пратеник со посебни потреби Серкан Бајрам

 „Пратеникит Серкан Бајрам е номиниран за Нобеловата награда за мир од многу институции и организации, меѓу кои се и Европски парламент, Европскиот економски сенат, Претставништвото на Ватикан, Фондацијата Мандела“, рече турскиот амбасадор Улусој

 Филмот „Зрно пченица“, кој го раскажува животот на Серкан Бајрам, пратеник со посебни потреби во Големото национално собрание на Туркије, беше прикажан во Скопје, известува Анадолу.

Министерот за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија, Фатмир Лимани, турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, пратеникот на Турсото народно собрание Серкан Бајрам, инвалиди од земјата и голем број гости присуствуваа на прикажувањето на филмот „Зрно пченица“ и дискусија организирана од Институтот Јунус Емре (ЈЕЕ) Скопје.

Пратеникот Бајрам во изјавата за новинарите пред програмата рече дека се бори и другите да не го доживеат истото што го доживеал и тој.

Наведувајќи дека во Столетието на Туркије ќе се изменат законите и ќе има одговорни на подрачја, гувернери, амбасадори и министри во Туркије, Бајрам рече дека заедно со градската општина Газиантеп и Центарот за протези и помагала „Зрно пченица“ реализирале проект во кој ќе направат протези за граѓаните кои по земјотрес на 6 февруари останале инвалиди.

Наведувајќи дека филмот „Зрно пченица“ го гледале речиси 40 милиони гледачи на многу места, Бајрам истакна:

„Ова патување е свето патување. Ја формиравме и Фондацијата „Зрно пченица“. Во моментов, почнуваме да се организирам во 180 земји. Прво во светот, потоа во провинциите на Туркије, но првенствено тргнуваме во светот“.

Бајрам, кој ја испрати пораката „Сакаме свет без пречки, во мир“, рече:

„Светот во кој живееме веќе го прави она што го направи со пандемиите, земјотресите и катастрофите. Барем ние луѓето не треба да се ​​убиваме и да се оставаме едни со други инвалидизирани. Нашите деца не треба да умираат, нашите жени не треба да умираат, Газа не треба да умира, Палестина не треба да умира. Сакаме свет во мир. Сакаме свет без бариери.“

Бајрам истакна дека во говорот што го одржал во Обединетите нации (ОН) објаснил дека има единици на ОН за правата на децата и правата на жените, но не постои единица која ќе се грижи за правата на лицата со посебни потреби и во Истанбул предложил да се формира одделение за правата на лицата со посебни потреби.

Во својот говор на отворањето на програмата, министерот на Северна Македонија Лимани истакна дека турскиот пратеникот Бајрам им дава пример на лицата со посебни потреби како можат да стигнат до врвот на општеството во кое живеат и работат.

„Господ го тестира човекот за тој да им даде љубов на милиони луѓе“, рече Лимани, честитајќи му на Бајрам за неговата храброст.

„Сериозноста на турската држава во целост се открива со тоа што таа посебно ги третира талентираните луѓе во парламентот со загарантирани позиции за заштита на нивните права“, зборуваше Лимани.

Амбасадорот Улусој во своето обраќање рече дека решавањето на потешкотиите на лицата со телесен инвалидитет во учеството во општествениот живот е заедничка одговорност на државата и на сите поединци во општеството.

Наведувајќи дека благодарение на пратеникот Бајрам, на здруженијата и голем број луѓе кои ја разбираат чувствителноста на проблемот постигната е значителна поддршка и напредок во решавањето на проблемите со кои се соочуваат граѓаните со посебни потреби во Туркије и нивното учество во општествениот живот, особено во последните години, амбасадорот Улусој рече:

„За восхит е важната улога што ја одигра нашиот пратеник во зајакнувањето на социјалните права на нашите сограѓани со посебни потреби и работата што ја спроведува години наназад.“

Директорот на скопската ИЈЕ, Ариф Конак, ги информираше гостите на проекцијата за темата на филмот и додаде:

„Денес се собравме да му оддадеме почит на адвокатот Серкан Бајрам, пратеник на Република Туркије, кој ги инспирира сите со својата несебична работа и достигнувања за нашата браќа и сестри со хендикеп. Почитуваниот пратеник Серкан Бајрам е номиниран за Нобеловата награда за мир од голем број институции и организации, меѓу кои се и Европски парламент, Европскиот економски сенат, Претставништвото на Ватикан, Фондацијата Мандела“.





AA

Read Previous

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

Read Next

Трагедија на Шар Планина: Пронајдена планинарка без знаци на живот